Франција по епска битка славеше над Данска и се закити со златото, овозможувајќи му на Никола Карабатиќ триумфално збогување на европските шампионати.
Големиот ас веќе најави дека летово ќе ја заврши кариерата, а вчерашното финале беше негов последен меч на ЕП. Карабатиќ не постигна ниту еден гол, но она што е најважно – на крајот го крена трофејот, четврти за него на европските шампионати.
Карабатиќ својот прв настап на ЕП го имаше пред точно 20 години на шампионатот во Словенија, тогаш не успеа да стигне до медал, но неколку години подоцна почна жетвата на трофеи на „триколорите“, предводени токму од оваа ракометна легенда.
Ова беше четврто злато на Никола Карабатиќ на европските шампионати, со што тој влезе воодбрано друштво со Магнус Андерсон, Мартин Франдесјо, Ола Линдгрен, Штефан Ловгрен, Штафан Олсон и Магнус Висландер.
Во богатата колекција на трофеи на Французинот со српски корени има по четири злата од СП и од ЕП, како и по три шампионски медали од Олимписките Игри и од Лигата на Шампионите, јасен доказ зошто Карабатиќ е првиот што се споменува кога ќе се почне дебатата за „најдобар ракометар на сите времиња“.
The GOAT list of @NKARABATIC is updated 🐐
WC 2003 🇵🇹: ☑️🥉 (sub, didn’t play a match)
EC 2004 🇸🇮: ☑️ + All star
OG 2004 🇬🇷: ☑️
WC 2005 🇹🇳: ☑️🥉
EC 2006 🇨🇭: ☑️🥇
WC 2007 🇩🇪: ☑️ + All star
EC 2008 🇳🇴: ☑️🥉+ MVP + Top scorer
OG 2008 🇨🇳: ☑️🥇
WC 2009 🇭🇷: ☑️🥇+ All star
EC 2010 🇦🇹:…— Rasmus Boysen (@RasmusBoysen92) January 28, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА