Лионел Меси и дефинитивно е најдобриот фудбалер во историјата откако го освои последниот трофеј кој му недостигаше во кариерата и триумфираше на Светското првенство.
Меси урна многу рекорди на овој натпревар, но сепак се тоа ќе биде во втор план бидејќи успеа по пауза од 36 години да ја врати „Златната божица“ во Буенос Аирес. Ова за Меси беше 26 натпревар на Мундијалите со кој го урна рекордот на Лотар Матеус.
Со 12 гола и 8 асистенции тој во кариерата е вклучен во вкупно 20 погодоци на Мундијалите, што е рекорд откако се смета овој статистички податок од 1966 година. Со двата гола во финалето тој стана единствениот фудбалер во историјата кој постигнал гол во сите мечеви во нокаут фазата на едно светско првенство.
26 – Lionel Messi is set to become the all-time record holder for most games played at the World Cup (26). Enduring. pic.twitter.com/WmDnXp6h6n
— OptaJoe (@OptaJoe) December 18, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА