Унгарскиот шампион Веспрем славеше победа на гостувањето против Загреб со 22-23, во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите. Со оваа гостинска победа, ланскиот финалист во ЛШ има голема предност пред реваншот во Веспрем и е чекор поблиску до четвртфиналето.
Унгарскиот шампион ја потврди улогата на фаворит во овој дуел, од стартот диктираше темпо и речиси во текот на целиот натпревар беше во предност. Во првиот дел, Веспрем на двапати имаше четири гола позитива(2-6, 4-8), а на одмор гостите замина со водство од 10-12.
По пет минути игра во вториот дел, Загреб изнедачи на 13-13, а потоа и на 14-14. Но, хрватскиот тим не успеа да се избори за пресврт. Веспрем направи серија од 4-0 и повторно се одлепи, а набрзо потоа стигна и до највисоки +5 поведувајќи со 16-21. Загреб одново притисна во финишот и на триесетина секунди пред крај дојде на гол разлика (22-23), а во последниот напад имаше шанса да дојде и до изедначување, но Тин Контрец не успеа да реализира.
Во вториот осминафинален дуел вечерва, Нант го пречекува ПСЖ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА