Гостински победи на Оклахома и Денвер, Мета Ворлд Пис со последен меч во „Стејплс центарот“

Оклахома во неизвесен натпревар славеше против Минесота со 100-98 во еден од синоќешните дуели во НБА лигата, додека Денвер исто така на гости беше подобар од Далас со 109-91.

Во победата на Оклахома најдобра партија пружи Виктор Оладипо со 20 поени, дополнети и со девет скока и шест асистенции. Одличен беше и младиот Домантас Сабонис со 19 поени, додека кај Минесота Таунс запиша 26 поени и 12 скока.

Денвер на гостувањето против Далас славеше со 109-91. Најефикасен во победничкиот тим беше Харис со 20 поени, додека Бисли и Пламли постигнаа по 16 поени. Кај Далас се издвои Дирк Новицки со 27 поени и 8 скока.

ЛА Лејкерс во својот „Стејплс центар“ славеа против Њу Орлеанс со 108-96, додека Сакраменто беше подобар од Феникс со 129-104.

Најефикасен во победата на Лејкерси беше Мета Ворлд Пис со 18 поени, што за него е и рекорд сезонава. За, далеку попознатиот Рон Артест, ова беше последен натпревар во „Стејплс Центарот“.

Сакраменто дојде до лесна победа над Феникс, во меч во кој блескаше Бади Хилд со 20 поени, додека Тај Лоусон оствари „трипл-дабл“ од 22 поени, 11 скока и 12 асистенции.

Се вчитува...