Денвер израмни на 2-2 во победи во полуфиналната серија од Западната конференција во НБА лигата откако го доби дуелот број четири и тоа на противнички терен. „Нагетс“ славеа со 116-112, а ги предводеше Никола Јокиќ кој забележа нов трпл-дабл, втор во полуфиналната серија. Тој постигна 21 поен, имаше и 12 скока и 11 асистенции. Џамал Мареј пак беше прв стрелец во тимот со 34 поени.
Кај Портланд Си Џеј Меалум постигна 29 поени, Демијан Лилард заврши со поен помалку. Следниот натпревар по два дена е во Денвер.
Торонто славеше на теренот на Филаделфија и се избори за израмнети 2-2 во полфиналето на Исток. Кандскиот состав го доби дуелот број четири со 101-96 и по предност во серијата ќе оди на домашен терен во петтиот натпревар закажан за вторник.
Каваи Ленард со 34 поени повторно беше лидер на Торонто, тој ја постигна и тројката за победа во израмнетиот финиш. Џими Бтлер со 29 поени беше прв стрелец кај Филаделфија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

