Пет победи во пет меча за гостинските тимови во Бундес-лигата. Актуелниот првак Баерн Минхен потешко од очекувањата славеше против Падерборн со 2-3. Серж Гнабри, Кутињо и Роберт Левандовски стрелаа за баварскиот тим, но Нојер прими два гола на овој меч, од Прогер и од Колинс.
Баер Леверкузен и Борусија Менхенгладбах беа поубедливи и славеа со 0-3 против Аугсбург, односно против Хофенхајм. Волфсбург со голот на Марсел Тисеранд освои три бода против Мајнц, а Шалке беше убедлив против Лајпциг и победи со 1-3.
Резултати Германија: Аугсбург – Баер Леверкузен 0-3, Хофенхајм – Борусија М. 0-3, Мајнц – Волфсбург 0-1, Падерборн – Баерн Минхен 2-3, Лајпциг – Шалке 1-3.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА