Гостинските екипи немаа проблеми во трите дуели одиграни попладнево во рамките од третото коло на новата сезона во Супер Лигата.
Еурофарм Пелистер славеше убедливо над Бисинов со 41-21 на гости. Незапирлив за домашните беше Филип Кузмановски, кој постигна неверојатни 13 гола од 13 обиди.
Успешната серија на почетокот на сезоната ја продолжи и екипата на Охрид, која дојде до третата победа на гостувњето кај Прилеп со 30-26. Гал Цирар со осум гола беше најефикасен кај охриѓани.
Лесна победа оствари и Алкалоид, кој славеше на гостувањето кај Бутел со 27-34. Арно Бинго беше најефикасен со седум гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА