Кошаркарите на Гостивар стигнаа до вториот триумф во домашниот шампионат откако вечерва без проблеми славеа на гостувањето кај Охрид со 64-86 во меч од 4. коло од Првата лига на Македонија.
Гостите уште од стартот тргнаа фуриозно па по десет минути игра веќе имаа двоцифрена предност (13-24). До крајот на првиот дел домаќините успеаја да намалат малку од разликата и на пауза да заминат со минус девет (34-43).
Во вториот дел гостиварчани само рутински го приведоа мечот до самиот крај за конечни 64-86. Виктор Златевски со 22 поени беше најефикасен во таборот на победникот, додека кај поразените 17 постигна Таулант Ибраими.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА