Гостивар добива нов тренер откако се раздели со Муарем Муарем

Екипата на Гостивар ќе добие нов тренер, откако Муарем Муарем се раздели со тимот од Гостивар. Иако официјално Блаже Панов е шеф на стручниот штаб, сепак, натпреварите ги водеше Муарем кој се одлучи да се повлече.

Муарем кажа дека во заедничка одлука, е ставен крај на соработката. Муарем беше најпрво како играч, каде ја заврши кариерата, а потоа стана и тренер на екипата.

„Последен клуб во мојата 16-годишна кариера и клуб во кој работев како тренер ФК Гостивар, со заедничка одлука ставивме крај на соработката. Сакам да упатам голема благодарност до фудбалерите и нашите навивачи. Благодарност за укажаната доверба од целиот стручен штаб, до нашиот претседател и до целиот клупски персонал“, стои во објавата на Муарем.

Се вчитува...