Гостивар донесе и плејмејкер од САД

Гостивар е еден од најактивните кошаркарски прволигаши на пазарот откако „сино-белите“ денеска потпишаа уште едно ново засилување. Станува збор за Американецот Монтре Гипсон, кој ќе ја има улогата на прв плејмејкер кај гостиварци откако денеска се обврза на едногодишна верност кон македонскиот прволигаш.

Станува збор за играч кој настапувал во НЦАА-лигата како дел од универзитетот Шарлот, каде бил дел од стартната петорка во текот на минатата сезона.

Тој е третото странско засилување откако претходно беа ангажирани и Ерик Пауел и Крис Остен, а од Академија ФМП доведен беше и Коскоски.

Се вчитува...