Гостивар ги ангажираше екс-вардарците Стојанов и Петковски

Гостивар денеска објави дека постигнала договор за ангажман на искусниот напаѓач Филип Петковски. Голгетерот досега настапуваше за Вардар, но потоа тимот објави дека за него и за деветмина нема да се смета во новата сезона.

Вчера второлигашот објави дека го ангажирала Дарко Стојанов, исто така од Вардар, кој во минатото играше и за Брегалница. Стоперскиот тандем со Стојанов ќе го сочинува и Стојан Стојчевски, исто така екс играч на Вардар кој досега играше во Силекс.

Гостивар исто така ги претходно ги ангажираше и голманот Бурхан Мустафа, како и доскорашниот играч на Ренова, Емран Рамадани.

Тимот со ова покажува дека има прволигашки амбиции за следната сезона и ќе важи за еден од фаворитите за пласман во „елитата“ заедно со Вардар и со Пелистер.

Се вчитува...