Екипата на Гостивар продолжува со активностите за екипирање на ростерот за наредната сезона. Откако беа потпишани договори со Тасевски и со Зеќири, денеска беше официјално продолжена соработката и со Ивица Димчевски и со Јурај Сегариќ.
Хрватот Сегариќ се покажа во одлично светло како прв плејмејкер на екипата, додека Димчевски имаше низа добри партии, докажувајќи дека ги остави зад себе проблемите со повредите што го мачеа во изминатиот период.
„Продолжуваме со составување на екипата, пред се со оние играчи кои ги оправдаа нашите очекувањата минатата сезона. Очекуваме Димчевски и Шегариќ и во новата сезона да имаат значајна улога како што беше случај и лани“ – порачаа од управата на гостиварци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА