Гостивар го доведе американскиот центар Браон Бреди

Македонскиот кошаркарски суперлигаш Гостивар го доведе второто странско засилување за новата сезона. Нов играч на гостиварци е американскиот центар Браон Бреди. Тој има 23 години, доаѓа од НЦАА – лигата каде го носеше дресот на Хјустон кугарс.

Бреди е висок 2013 сантиметри и тежи 120 килограми, игра на позицијата пет и треба да биде големо засилување за составот на Гостивар под кошевите. Токму на центарската позиција тимот беше и најдефицитарен минатата сезона.

Се вчитува...