Гостивар го „краде“ Селмани пред турски Бодрумспор

Ремзифаик Селмани ќе потпише за тимот на Гостивар. Напаѓачот кој има и интернационално искуство, се враќа во Македонија и ова ќе му биде трет клуб во Македонија, по Ренова и Шкендија.

Пред неколку дена за него имаше интерес од Бодрумспор. Турските медиуми пишуваа дека клубот е веќе во преговори со играчот, меѓутоа тој се одлучил за Гостивар.

Новиот прволигаш со тоа направи респектабилен тим по враќањето во прволигашката конкуренција. Донесе неколку звучни имиња, со цел да се претстави добро во „елитата“, а ако може и да избори пласман во Европа идната сезона.

Се вчитува...