Доскорешниот голман на Рио Аве, Васко Василев од денеска и официјално е нов член на Гостивар, потврдувајќи ги најавите на ЕКИПА. Новиот прволигаш бираше помеѓу повеќе имиња меѓу кои и екс чуварот на мрежата на Работнички, Ристо Јанков, но на крајот изборот падна на 19-годишниот голман.
Василев кој потекнува од младинската школа на Вардар во минатото настапуваше и во младите категории на Графичар и на Црвена Звезда, а во септември 2022 година од Белград се пресели во Рио Аве. Младинскиот репрезентативец на Македонија не доби вистинска прволигашка шанса во Португалија па се врати назад во Македонија како големо засилување за Гостивар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА