Новиот македонски фудбалски прволигаш Гостивар официјално потврди дека ја продолжи соработката со Мурад Дабан човекот кој го водеше овој тим и во Втората македонска фудбалска лига.
Дабан следната сезона за прва цел ќе има опстанок на клубот кој сепак влегува со големи амбиции.
„Со задоволство ја објавуваме нашата одлука да продолжиме со г-дин Мурат Дабан и неговиот тренерски тим во сезоната 2023/2024. Со господинот Дабан, КФ Гостивари без пораз се промовираше во македонскиот прволигаш и се надеваме дека ќе постигнеме повеќе во претстојната сезона. Му посакуваме успех на нашиот тим под негово раководство во нашите нови предизвици и цели“, стои во соопштението на Гостивар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА