Новиот прволигаш Гостивар и официјално го промовираше досегашниот фудбалер на Скопје, Анид Абази, како засилување за новата натпреварувачка сезона во елитниот домашен шампионат.
Абази ќе остане запаметен по оној гол со кој го урна поранешниот шампион Шкупи. Тој во минатото беше дел од чаирскиот клуб, од каде и потекнува, но минатата сезона ја мина на Автокоманда.
Тимот на Гостивар има сериозни амбиции за следната сезона. Досега овој тим се засили со Џелил Абдула, Зехрудин Мехмедовиќ, Мустафа Мујезиновиќ и Пепи Ѓоргиев.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА