Гостивар го „шокираше“ лидерот Шкендија, Шкупи води со Беса, на другите терени без голови (ВИДЕО)

Само два гола во првото полувреме игра во 7. коло од Првата македонска фудбалска лига. Предност единствено имаат на домашен терен, Гостивар против лидерот Шкендија и Шкупи во пресметката со Беса.

Гостивар ја шокираше Шкендија и води со 1-0 по првите 45 минути.

Голема грешка на голманот на Шкендија, Амзаи, кој во 21. минута подари пред својот гол една топка на противничката екипа. Одлично реагираше Огузхан кој мајсторски стрелаше од 16 метри за водство од 1-0 на гостиварци.

На Чаир, Шкупи исто така има минимална предност од 1-0 против Беса.

Стрелец на единствениот гол за водство на чаирчани беше Едмундсон во 24. минута од средбата.

На останатите три натпревари од ова коло во Првата македонска фудбалска лига нема голови по првите 45 минути.

ПМФЛ – 7. КОЛО (прво полувреме)
Скопје: ГОСТИВАР – ШКЕНДИЈА 1-0
Огузхан 21′
Струмица: АП БРЕРА – ТИКВЕШ
Скопје: ШКУПИ – БЕСА 1-0
Едмундсон 24′
Битола: ПЕЛИСТЕР – РАБОТНИЧКИ
Охрид: ВОСКА СПОРТ – СТРУГА ТЛ
Скопје: ВАРДАР – СИЛЕКС (20 ч.)

Се вчитува...