Гостивар прокнижи нови бодови во Супер-лигата откако тимот на Марјан Србиновски триумфираше на домашен терен над Куманово со минимални 86-84. Репрезентативецот Бојан Трајковски не настапи за гостиварци против својот поранешен клуб, но и без негова помош домашниот состав успеа да стигне до победата, и покрај одличниот отпор на гостите од Куманово.
Натпреварот беше израмнет од почеток до крај, а победникот се решаваше во последните минути. Куманово последното водство го имаше на помалку од пет минути до крајот на средбата (71-72), по што гостиварци направија серија од 5-1 и ја презедоа контролата над резултатот. Многу лесно можеше да се случи гостите да триумфираат на овој неизвесен натпревар откако Костоски промаши едно од двете слободни фрлања во самиот финиш, но обидот за тројка на Пенов беше непрецизен, па бодовите останаа во Гостивар.
Фустингер со 23 поени беше прв стрелец на победничкиот тим, Костоски постигна 16 погодоци, додека најефикасни во редовите на Куманово беа Ѓекиќ со 22 и Мекиќ со 21 постигнат поен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА