Гостивар и Брера Струмица ремизираа против Газијантеп и Теута

Македонските прволигаши продолжуваат со подготовките за новата сезона, а Гостивар и Брера Струмица денешните пријателски натпревари ги завршија со реми.

Гостиварци ремизираа против турскиот Газијантеп со 1-1 во натпревар во кој мрежата за македонскиот тим ја затресе Пепи Ѓорѓиев, додека натпреварот на струмичани со албанска Теута заврши со 2-2.

Стелци на головите за Брера Струмица беа Ване Крстевски и Иван Галевски.

Се вчитува...