Кошаркарите на Гостивар и на Тиквеш со победи ја почнаа битката за опстанок во Првата македонска кошаркарска лига.
Гостивар во драматичен дуел славеше со 81-78 против Шкупи во меч во кој предводеше Ѓорѓевиќ со 24 поени и 18 скокови, додека Арнолд запиша 25 поени за екипата од Чаир.
Тиквеш, пак, убедливо го победи Вардар со 91-65, во мечот на кој најдобри беа Глигоријевиќ со 19 и Мирков со 13 поени, додека кај Вардар, Бајрам заврши со 21 поен.
Кавадарчани во следното коло ќе играат против Гостивар, додека Шкупи ќе има дуел со Вардар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА