Гостивар лесно до бодови против Ангели

Екипата на Гостивар прокнижи важни бодови во трката за опстанок откако вечерва во првиот меч од 13. суперлигашко коло славеше над КК Ангели со убедливи 96-65. Избраниците на тренерот Петровиќ одиграа квалитетен меч, не давајќи му ниту ронка надеж за сензација на „фенерџијата“ на табелата.

Победникот практично беше решен во првото полувреме што гостиварци го добија со 47-35, за потоа уште поимпресивно да ја одиграат третата четвртина што домашниот тим ја доби со 24-6. Преостанатите 10 минути од овој натпревар беа можност за двајцата тренери да им дадат шанса на резервните кошаркари, па Гостивар заслужено славеше со „плус 29“.

Леонид Тодоровски беше клучна фигура со 22 поени и 11 скокови, Димитриевски постигна 16 поени, додека Рубин Стефанов со 17 поени беше најефикасен во таборот на КК Ангели.

Се вчитува...