Гостивар на полноќ промовираше две засилувања, екс фудбалери на Борусија Дортмунд

Гостивар нешто пред полноќ промовираше две нови имиња во своите редови. Станува збор за стопер и за напаѓач, кои доаѓаат од странство, а заедничко за двајцата им е што биле во младинските категории на германскиот гигант Борусија Дортмунд.

Станува збор за стоперот Емануел Мбенде (28), кој доаѓа од Монтероси (Италија), а во минатото бил дел од Катанија, Камбур, Кемницер, Бирмингем и младинските тимови на Борусија Дортмунд. Има германско и камерунско државјанство, а висок е 196 сантиметри.

Вториот е крилниот напаѓач Огузан Ајдоган. Има турско државјанство, но и германско. Има 27 години, и тој бил дел од младинските школи на Борусија Дортмуннд, но и во младинците на Шалке и Бешикташ, потоа во сениорите на Алеманија Ахен, па во Турција. Последен клуб му е Дузчеспор, турски нисколигаш.

Претходно Гостивар ги промовираше Дарко Глишиќ, Костадин Чешмеџиев, Мевљан Мурати и Марко Симоновски.

 

Се вчитува...