Гостивар не е Работнички, ФМП има за што да жали (фотогалерија)

Кошаркарите на Академија ФМП беа на чекор до ново изненадување слично на она против Работнички, но избраниците на тренерот Гацов немаа сили за чудо и против Гостивар. За разлика од поранешниот првак, гостиварци имаа одговор за тимот од Кисела Вода кога беше најважно, фуриозно ги одиграа последните пет минути и го решија прашањето на победникот во своја полза.

За Гостивар овој триумф беше многу важен за враќање на самодовербата по двата порази во последните две кола, додека во таборот на ФМП сигурно ќе жалат, свесни дека беа многу блиску до нов скалп во елитното друштво.

 

Се вчитува...