Фатјон Јусуфи е ново име во редовите на Гостивар. Новиот прволигаш не престанува со доведување на нови играчи, кои ќе го изнесат товарот во следната сезона.
Јусуфи во минатото настапуваше за Ренова, Партизани Тирана, Ширак од Ерменија, Шкупи, па повторно во Ренова, и во последната сесзона во тимот на Струга ТЛ.
27-годишниот офанзивен играч за врска е осмото ново име во редовите на овој тим после Маневски, Абази, Абдула, Спахиу, Мехмедовиќ, Мујезиновиќ и Ѓоргиев. Во следните денови својот потпис би требало да го стави и голманот Ристо Јанков.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА