Гостивар не запира со засилувањата за актуелнава сезона. Откако ја запишаа првата победа сезонава, против Работнички на домашен терен, гостиварци промовираа уште две нови имиња во своите редови, Гоба Закпа од Брегот на слоновата коска и Јаник Нкурунзиза од Бурунди.
Напаѓачот од Брегот на слоновата коска, 31-годишниот Гоба Закпа претходно во својата кариера има настапувано за португалските Рио Аве, Фиеренсе и Жил Висенте, како и за кипарски Етникос и азербејџански Сабаил од каде сега доаѓа во Гостивар.
21-годишниот Јаник Нкурунзиза, пак, кој доаѓа од Бурунди игра на средината од теренот. Покрај настапите во клубови од својата земја, изминативе две сезони беше дел од младинскиот тим на Анталијаспор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

