Гостивар неочекувано се раздели со Алдаир, најавени заминувања и на други играчи

Вистински егзодус се очекува да се случи во Гостивар во следниот период. Неочекувана е одлуката на тимот на неколку кола пред крајот на првенството во кој Гостивар има какви такви шанси за освојување на титулата, а реални за излез во Европа, да се раздели со еден од своите играчи.

Алдаир Дјало не е повеќе дел од Гостивар. Ова е официјална одлука на раководството на клубот, се шпекулира со заминувања и на други играчи.

Низ фудбалските куолари кружи и веста дека и тренерот Мерт Нобре добил отказ по поразот од Воска Спорт на домашен терен, додека се најавува заминувања на поголемиот дел од странците.

Алдаир на последниот меч со Воска Спорт играше како стартер, и мина на теренот 73 минути. На што се должи овој потег на гостиварци е непознато, но дефинитивно се очекува тимот да има сосема нов лик идната сезона во ПМФЛ.

Инаку Гостивар го има еден од најдобрите тимови според имиња во првенството, со неколку поранешни репрезентативци, и со имиња како Алпер Потук, Марко Симоновски, Ервин Ли, Антонио Каланоски, Мухамед Елмас, Душко Трајчевски, Конснтатин Чешмеџиев, Зени Хусмани…

Се вчитува...