Гостивар остана без најдобриот стрелец

Екипата на Гостивар во следната сезона ќе биде без Американецот Донован Доналдсон, кој реши да си замине од редовите на македонскиот клуб иако имаше уште една година од договорот со гостиварци. Американскиот бек лани потпиша двогодишен договор со Гостивар и се наметна како лидер на тимот, импресионирајќи го својата експлозивност.

Тренерот Србиновски очекуваше тој да остане во таборот на „сино-белите“ и во новата сезона, па оттаму изненадување е што самиот кошаркар инсистирал на заминување од екипата. Негова следна дестинација ќе биде Унгарија, поточно клубот ЈКСЕ, а гостиварци ќе добијат и отштета за предвремениот раскин на договорот со Доналдсон.

Гостивар го задржа тренерот Србиновски за наредната сезона, потпишани се нови договори и со Александар Костоски и со Ивица Димчевски, а во таборот на гостиварци ќе остане и ветеранот Тасовски. Во следниот период се очекува овој тим да ја интензивира и потрагата по странски засилувања, со што би се создал тим со кој ќе се атакува на висок пласман во наредната сезона.

Се вчитува...