На првиот ден од подготовките во Хрватска, Гостивар остана без својот прв голман. Турскиот интернационалец Ертан Ерсу после една година ги напушти гостиварци и се врати во Турција. Во иднина ќе го чува голот на Анкарагучу.
Поранешниот голман на Фенербахче, Газиантеп и Коњаспор после една година одново ќе брани во Турција.
Тоа е сериозен „удар“ за шампионските амбиции на Гостивар, и сега тимот ќе мора да бара алернативно решение за голманската позиција за пролетниот дел од сезоната, со оглед дека Ерсу беше прв избор за голман.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

