Гостивар покажа заби, но бодовите останаа во Битола

Пелистер продолжи со серијата добри игри во 2026 година, откако битолчани славеа над Гостивар со 93-88 за седма победа во осумте досегашните суперлигашки пресметки оваа календарска година. „Зелено-белите“ славеа со конечнии „плус пет“, но мора да се истакне дека имаа целосна контрола над резултатот во текот на целиот меч.

Пелистер наметна силно темпо уште од самиот старт, предводен од Малешевиќ и Митревски поведе со 15-5, добивајќи ја првата четвртина со 22-18. Битолчани одиграа импресивен напад во втората четвртина псотигнувајќи 33 поени и на одмор заминувајќи со убедливи 55-49. Гостиварци заслужуваат пофалби за покажаниот карактер, не само што не се предадоа, туку во вториот дел успеаја и да се вратат. „Сино-белите“ одиграа одлично го завршницата, дојдоа на само два поени негатива (90-88), пред Митревски со тројка со звукот на сирената да ги постави конечните 93-88.

Брејси Дејвис беше прв стрелец на Пелистер со 26 поени, Малешевиќ реализираше 18 поени, додека најефикасни во таборот на Гостивар беа Црниќ со 22 и Диксон со 19 поени.

Се вчитува...