Гостивар потпишува со Португалецот Алдаир!

Гостивар засилувајќи ги играчките редови за новата сезона во Првата македонска фудбалска лига потпишува договор со португалскиот интернационалец Алдаир Дјало Балде.

Се работи за 32-годишен дефанзивец, со потекло од Гвинеа Бусау, кој има богата интернационална кариера зад себе.

Алдаир, кој потекнува од фудбалската школа на португалски Пењафиел, а во Португалија има настапи и за Олхиненсе, Жил Висенте и Мадеира. Настапувал и за АЕЛ Лимасол во Кипар, како и за словенечка Олимпија, а последниве две години бил дел од турските Бодрум и Шанлурфаспор, од каде сега доаѓа во Гостивар.

Се вчитува...