Гостивар прави тим за Прва лига: По Мустафа, потпиша и Емран Рамадани

Еден од позабележителните фудбалери на Ренова во последните неколку години Емран Рамадани, е нов член на Гостивар. Второлигашот има цел да се пласира во прволигашката конкуренција следната сезона, па така почна со градењето на тимот за следниот шампионат.

Претходно Гостивар се засили и на голманската позиција со искусниот Бурхан Мустафа кој дојде како прв голман од Работнички.

Овој тим исто така ги задржа и клучните играчи како Велинов, Фетаи, Синани, Муарем Муарем, Дервиши…

Се вчитува...