Гостивар ја продолжи победничката серија во домашниот кошаркарски шампионат на четири последовни триумфи откако во натпреварот од деветтото коло на гостувањето во Скопје го победи Вардар со 82-80.
Вардар солидно парираше во првото полувреме па и во дел од третиот сегмент во кој Гостивар си ја врати предноста, а во завршната четвртина рутински само ја одржуваше предноста кој во ниту еден момент не беше преголема, па за новиот успех мораше да страхува до завршните моменти бидејќи Вардар во последните секунди се закани поведувајќи на дваесетина секунди пред крајот.
Диме Тасовски со 19 поени беше прв стрелец кај Гостивар, Џозеф Фустингер постигна 18, репрезентативецот Александар Костоски 17.
Кај Вардар попусти беа 41 поен на Џуниус Провел кој стандардно беше најдобар во „црвено-црните“ редови.
За Гостивар ова е петта сезонска победа наспроти само двата неуспеха кои ги има во досегашниот тек од првнеството. Вардар пак има спротивен биланс од пет порази и две победи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА