Кошаркарскиот клуб Гостивар инфомира за две нови засилувања во своите редови за новата сезона во домашната кошаркарска лига.
Нови кошаркари кај гостиварци се американскиот плејмејкер Ксавиер Родес, кој на европскиот континент дошол од редовите на Кентаки Универзитетот, а настапувал за хрватски Дубровник, како и Србинот Младен Грушановиќ.
Грушановиќ, кој е висок 200 сантиметри и има 27 години, игра на позициите 3 и 4. Досега во кариерата играл за екипите на Јагодина, Динамик, Беовук, Вршац, Ловќен Осијек.
Гостиварци исто така го продолжија договорот и со Максим Митевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА