Гостивар „реди“ засилувања – дојде и Андреј Кировски од Работнички

Гостивар продолжува да го засилува тимот за новата сезона во која ќе се бори за највисок пласман, и за враќање во прволигашката конкуренција. Амбициозниот второлигаш денеска го донесе и досегашниот стопер на Работнички, Андреј Кировски.

Кировски во минатото беше дел и од Силекс, Саса, а играше и за младинците на Вардар, од каде беше краток период и во Динамо Загреб, но настапуваше за тимот на Сесвете.

Кировски е засилувае за Гостивар после Русту Јонус, Фахрудин Ѓурѓевиќ, Фисник Зука, Гордијан Христовски, Астрит Амзаи, Реијан Абази и Симеон Христов.

Се вчитува...