Гостивар се раздели од тренерот Малинков

Љупчо Малинков нема да го води Гостивар во новата натпреварувачка сезона откако „сино-белите“ попладнево објавија дека ќе влезат со нов стратег во наредниот шампионат.

Малинков бележеше добри резултати со гостиварци, но поради финансиските проблеми во клубот мораше да си замине Американецот Пипкинс, што се одрази врз резултатите во финишот од сезоната. На крајот гостиварци беа елиминирани во четвртфиналето од Работнички, во изминатите денови се преговораше за останување на Малинков, но најавите за намалување на буџетот беа причина да не биде постигнат договор со кавадаречкиот стратег.

Главен фаворит за нов тренер е Никола Димитриевски, кој му беше помошник на Малинков во стручниот штаб изминатата натпреварувачка сезона.

Се вчитува...