Гостивар се засили со Американецот Пауел, Митевски останува во тимот

Кошаркарскиот клуб Гостивар, доби ново име во своите редови. Станува збор за Ерик Пауел, кој доаѓа од МeкКендри Универзити Лигата НЦАА 2.

Според информациите од КК Гостивар, тој игра на позициите 3 и 2. Станува збор за шутер, од линијата за три поени имал дури 45% реализација минатата сезона.

Во исто време Гостивар потврди дека Максим Митевски останува верен во клубот. Еден од најстакнатите поединци минатата сезона ќе биде дел од тимот и во наредната сезона на Гостивар.

Се вчитува...