Гостивар се засили со Ангелче Тимовски, се преговара со репрезентативецот Бејтулаи

Екипата на Гостивар нема намера да запре со носење на нови имиња. Најнова аквизиција во новиот прволигаш е Ангелче Тимовски кој доаѓа од таборот на Шкупи.

Гостиварци ова лето донесоа многу нови имиња, додека дел од нив веднаш си заминаа. Така официјално Гостивар се засили со Атиемвен, Маневски, Мујезиновиќ, Закпа, Селмани, Алхасан, Билали, Потук, Ѓоргиев, Спахиу, Јусуфи, Абдула, Такахара, Абази, Нкурунзиза, Елмас и Василев. Клубот засега не објави со кого од овие фудбалери се раздели.

Инаку според информациите од Гостивар, следен на листата може да биде репрезентативецот Егзон Бејтулаи кој по заминувањето од Шкендија е без клуб. Имаше информации дека ќе продолжи во Албанија, меѓутоа на крајот пропадна трансферот и сега е блиску до Гостивар. Со него тимот би добил големо засилување во одбраната, во обидот тимот да обезбеди опстанок.

Во првите пет кола Гостивар има четири порази и само една победа.

Се вчитува...