По заминувањето на Ертен Арсу кој се врати во Турција, Гостивар го ангажираше младиот 20-годишен голман Баки Алиу. Станува збор за чувар на мрежата кој доаѓа од Башкими, каде што бранеше изминатите шест месеци. Претходно беше во пониските лиги на Германија.
Сега Гостивар ги има Алиу, Василев и Абази на голманската позиција. Веројатно предност ќе има Васко Василев, млад голман кој беше дел од Рио Аве од Португалија, а на почетокот на минатата година стигна во овој тим.
Во пролетниот дел од сезоната Ертен Арсу го чуваше голот на гостиварци, и повеќе од успешно. Екипата на Гостивар е во моментов на четвртата позиција на табелата, и во пролетниот дел ќе се бори за титулата заедно со Силекс, Шкендија, Работнички и Струга ТЛ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА