Екипата на Гостивар, на крајот од преодниот рок во македонскиот фудбал кој заврши синоќа, го промовираше и последното засилување за пролетниот дел од сезоната, сирискиот интернационалец Аиас Аосман.
Се работи за 30-годишен фудбалер од средниот ред, Сириец кој има и германски пасош, а во својата кариера настапувал и за Динамо Дрезден, Адана Демирспор, Тузласпор, Јоникос, Херманштад и Генчлербирлиги.
Аосман има и 15 натпревари за репрезентацијата на Сирија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

