И од екипата на Гостивар се официјална жалба до ФФМ за материјално прекршување на правилата на нивниот натпревар против Струга ТЛ кој заврши без победник, 1-1.
„На натпреварот меѓу Струга ТЛ и Гостивар од 19. април, аматерска грешка направи судијата на натпреварот Фуркан Идризи. Неговата грешка влијаеше врз конечниот резултат на натпреварот. Нашиот тим доби аут, а поради одолговлекување судијата покажа аут за Струга. Играчот Дарко Глишиќ беше казнет со жолт картон, што е максималната казна за ваков прекршок. Невозможно е според правилникот на ИФАБ да се додели контра-аут“ – се вели во соопштението на Гостивар, притоа дополнувајќи:
„Оваа грешка која ја направија судиите доведе до гол кој Струга го даде 18 секунди подоцна. Нашите играчи не дојдоа до топката во периодот откако беше изведен аутот и падна голот. Со други зборови, Гостивар прими гол од напад кој дојде по грешка и прекршување на правилата. Поднесовме официјална жалба до ФФМ за овој пропуст и ќе ве известиме кога ќе добиеме одговор од истата“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА