Кошаркарите на Гостивар со победа над ФМП Академија од 95-75 ја почнаа новата сезона во кошаркарската суперлига на Македонија.
Гостиварчани уште од самиот старт ја потврдија фаворитската улога, а по 10. минути игра веќе имаа плус десет (25-15). Гостите единствено во втората четвртина беа подобар противник, а на пауза успеаја да заминат со негатива од само три поени (41-38).
Во вториот дел домаќините почнаа да го мелат противникот. Во третиот период одиграа на ниво и пред последните десет минути успеаја да се одлепат на плус девет (65-56). До крајот разликата само се зголемуваше за конечни 95-75.
Најдобар поединец во победничкиот табор беше Џелетовиќ со 37 поени, додека Доналдсон уфрли 16. Кај ФМП Академија Делпетров и Салев уфрлија по 13 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА