Гостивар со сериозно променет состав, значитечни засилувања, ќе го очекува враќањето во Првата македонска фудбалска лига.
По цела деценија гостиварци се враќаат во елитното друштво, па желбата на раководството на клубот е да се креира максимално сериозен тим кој ќе игра значајна улога во Првата лига.
Токму затоа и најавата за разделба со десет фудбалери од досегашниот состав, како и најавата за исто толкав број на квалитетни засилување.
Засега од клубот официјално ја потврдија разделбата со Антонио Каланоски, Симеон Христов, Дарко Стојанов, Гордијан Христовски, Вилдан Керим и Сухејб Рушити, а има најави за заминување на уште четвторица досегашни фудбалери, пред да следи потоа официјалната промоција на новите засилувања.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА