Гостивар со лесна победа над Феникс

Кошаркарите на Гостивар со одлична игра во поединечни делови од натпреварот, оствари убедлива победа над Феникс 2010. Со тоа гостиварци го прескокнаа Работнички на табелата, по киксот на тимот од Градски Парк и поразот од Кожув.

На крајот гостиварци славеа до 98-74, во меч во кој не доминираа само во втората четвртина, која ја добија гостите со 22-29. Во останатите Гостивар секогаш излегуваше со предност, особено во третиот период кој го добија со 13 разлика.

Најефикасен кај домашните беше Корсантија со 24 поени, и 16 скока, додека Митревски кај Феникс со 27 поени беше и најефикасен кошаркар на средбата.

Се вчитува...