Гостивар става акцент на домашните играчи, договори и со Робев и со Зекири

Гостивар продолжува со формирање на ростерот за наредната сезона, при што тренерот Србиновски и новата управа на клубот акцент ставаат врз млади и перспективни македонски кошаркари.

Така, гостиварци денеска и официјално потпишаа договори со Дамјан Робев и со Јетмир Зекири, кои беа дел од младинската репрезентација на Македонија, а во следната сезона ќе го носат дресот на новиот прволигаш. Двајцата кошаркари доаѓаат од таборот на Вардар, тим со кој ланската сезона не успеаја да обезбедат опстанок во елитното друштво.

GOSTIVAR2

Претходно, потпис со Гостивар стави и поранешниот репрезентативец Ивица Димчевски, а во преговори со овој прволигаш се наоѓа и искусниот центар Кирил Павловски.

Се вчитува...