Кошаркарите на Гостивар стигнаа до нова победа во домашниот шампионат откако вечерва на домашен терен славеа против Чаир со 90-75 во меч од 11. коло во Првата лига на Македонија.
Домаќините фуриозно го отворија натпреварот и веќе по првата четвртина имаа двоцифрена предност од 24-13. До крајот на првиот дел гостиварци успеаја да ја зголемат предноста и на пауза да замина со позитива од 45-31.
Иако во вториот дел гостите одиграа далеку подобро немаа сила да стигнат до целосен пресврт, па на крајот Гостивар стигна до конечен триумф од 90-75. Младен Грушановиќ со 21 поен беше прво име кај победникот, додека кај поразените Тејвон Кирк постигна 18 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА