Кошаркарите на Гостивар повторно се израмнија со ТФТ на третата позиција од табелата во Првата македонска кошаркарска лига, откако во 20. коло славеа убедливо на домашен терен против Еуро Никел со 85-65.
Гостиварци отпорот на гостите комплетно го скршија во последниот период од натпреварот. Претходно низ првото полувреме се играше главно израмнето за да домашните заминат на полувремето со предност од само четири поени (37-33).
Но, во последната четвртина Гостивар тотално доминираше, добивајќи ја со 28-16, за конечна победа од 85-65.
Извонреден во победничкиот тим беше Корсантија со 24 поени и 15 скока, а го следеше Вучковиќ кој заврши со 20 поени. Ефремовски исто така беше одличен со 17 поени и дури 11 асистенции. Кај поразените се издвои Планиниќ со 25 поени и седум скока.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

