Лидерот на табелата во Втората фудбалска лига запад, Гостивар е во голема финансиска криза. И покрај одличниот старт на сезоната промените во управата и тренерската позиција донесоа големи проблеми во тимот. Дел од фудбалерите веќе си заминуваат, а последен меѓу нив е и одличниот Енис Дервиши кој премина во Тетекс.
Претходно од истите причини клубот го напуши и голманот Марко Јовановски, а се очекува во следните денови поголемиот дел од фудбалерите на тимот да тргнат по нивните стапки.
Гостивар викендов го очекува натпревар против Охрид во 10. коло од Втората фудбалска лига на Македонија Запад.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА