Дарко Глишиќ и Мевљан Мурати пристигнаа, наскоро треба да дојде и Костадин Чешмеџиев, а одбраната на Гостивар ќе треба да биде комплетирана со проверено име. Според информациите до кои дојде ЕКИПА, Гостивар е во преговори и со поранешниот македонски репрезентативец Егзон Бејтулаи.
30-годишниот Бејтулаи на почетокот на година замина во Дрита Гњилане, а после помалку од една година би можел да се врати во ПМФЛ, откако претходно играше за тетовска Шкендија безмалку 10 години (со исклучок на една полусезона кога беше дел од Хелсингборг).
Бејтулаи е исксуен дефанзивец, со настапи и во младата и во сениорската селекција на Македонија, и сигурно би бил големо засилување за гостиварци, кои се чини имаат намера да ја „фатат“ Европа идната сезона, па дури и битка за првото место. Бејтулаи има 26 натпревари во дресот на репрезентацијата, од кои девет во европски квалификации, девет во Лигата на Нации, четири на пријателски натпревари, три на светски квалификации, а играше и еден меч на ЕВРО 2020 година.
Според неофицијалните информации, во преговори со Гостивар се и поранешниот играч на Шкупи Фреди Алварез, како и доскорашниот голман на Струга ТЛ, Ведран Ќосевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА