Гостивар забрани публика на мечот со Вардар, но „Комити“ најавија дека ќе одат на стадионот во Маџари

Екипата на Гостивар донесе одлука мечот против Вардар да го игра во Скопје, откако во Штип не му беше дозволено да настапува. Меѓутоа потоа раководството на овој тим донесе одлука да нема публика на трибините на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари.

Меѓутоа навивачката група на Вардар, Комити најавија дека ќе одат на стадионот и дека „никој нема да им забрани“ да присуствуваат на трибините.

„Ги замолуваме сите кои ќе присуствуваат да не подлегнуваат на никакви провокации и внимателно да ги слушаат инструкциите на надлежните членови! Се враќаме онаму каде што со години, искрено се бранеше црвено-црното. Онаму каде што народот извојуваше голема победа за клубот, во која учествуваа сите генерации на Вардарци!“, стои во соопштението на навивачката група на Вардар.

Се вчитува...